КУШАДАСИ-23.ОКТОМВРИ

1. ден  (19.10.2017) - БИТОЛА / СКОПЈЕ - ЧАНАККАЛЕ
Поаѓање од Битола пред Спортска сала Младост во 18;00 часот, (попатно Прилеп, Кавадарци, Неготино) поаѓање од Скопје од пред ВИП хотел во 18;30 часот (попатно Велес) попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење (се патува преку Грција).

2. ден  (20.10.2017) - ЧАНАККАЛЕ-КУШАДАСИ
Пристигнување во Чанаккале во предпладневните часови. Посета на центарот на градот каде се наоѓа статуата Тројански коњ од истоимениот филм поклон на градот.  Можност за кафе пауза - факултативно. Заминување за Кушадаси. По пристигнувањето сместување во хотел. Одмор. Посета на старата чаршија, центарот на Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

3. ден  (21.10.2017) - КУШАДАСИ-ПАМУККАЛЕ-КУШАДАСИ
Појадок. Заминување за Памуккале (188 км), Белата планина-единствена од ваков вид во светот. По пристигнувањето во Памуккале посета на античкиот град Хиераполис, кој е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Основан во вториот век п.н.е. како термално лекувалиште, и е именуван по божицата Хера. Се развива во центар за лекување со термални води. Посета и уживање на памук тврдината - феномен на природата со травертин седиментација, варовник и калциум, како и термална вода на температура од 37 ° C. По посетата враќање во Кушадаси доцна попладне. Попатно посета на фабрика за текстил. Вечера. Ноќевање. Слободна вечер – факултативно посета на дискотека.
4. ден  (22.10.2017) - КУШАДАСИ-ЕФЕС-КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА-КУШАДАСИ
Појадок. Заминување и посета на куќата на Дева Марија ( каде го поминала остатокот од животот по распнувањето на Исус Христос) по посетата заминување за Селџук и посета на грандиозниот локалитет Ефес. По посетата враќање во Кушадаси. Слободно време можност за посета на една од многубројните плажи: Ледис бич, Златната плажа… или факултативно крстарење со брод. Вечера. Ноќевање. Слободна вечер – факултативно посета на национален клуб со стомачни танци.
5. ден  (23.10.2017) - КУШАДАСИ-ИЗМИР-МАКЕДОНИЈА 
Појадок. Слободно време до поаѓањето за Измир. Панорамски разглед на градот од автобус. Продолжување за Македонија, попатни одмори, ноќно возење, царински формалности.
6. ден  (24.10.2017) - МАКЕДОНИЈА 
Пристигнување во Македонија во утринските часови. Крај на програмата.. 
                                                                                                           
Цена : 129€ / 8.000 денари
(можност за плаќање на 8 рати)

Во цената Е вклучено : Превоз со туристички автобус на наведената релација, 3 полупансиони во хотел 3*+ - Кушадаси www.dabaklarhotel.com, Посета на Чанаккале, Панорамски разглед на Измир од автобус, Локален професионален водич за Памуккале, Локален професионален водич за Ефес, Куќата на Дева Марија, Придружник на групата, Организација на аранжманот.     

Во цената НЕ Е вклучено : Патничко осигурување, Лични трошоци, Факултативно Ефес и Куќата на Дева Марија-со платени влезница (20 патници минимум) 30€, Факултативно Памуккале - со платени влезница ( 25 патници минимум ) 25€, Факултативно крстарење со брод 20€, Факултативно дискотека (влезница) Факултативно национален ресторан - стомачен танц

НАПОМЕНА :  За изведување на аранжманот потребни се минимум 40 патници, доколку тој број не се исполни агенцијата го задржува правото на измена на цената или истиот да го сторнира 5 дена пред датата на поаѓање. Цената е за сместување во двокреветна соба за 1 лице. Доплата за сместување во еднокреветна соба 20€

Важат општите услови за патување на т.а. ПАЛАС