МОСКВА&САНКТ ПЕТЕРСБУРГ

24-ти Мај во МОСКВА И САНКТ ПЕТЕРБУРГ

19.05 - 27.05.2019

9 дена/8 ноќевања во Санкт Петербург и Москва + авионски превоз од Скопје со вклучени такси + трансфери + екскурзии + претставник

Санкт Петербург - Не случајно овој град важи за еден од најубавите градови во светот. Сите епитети со кој располага Санкт Петербург допринесуваат за едно незаборавно патување. Уметноста, раскошната архитектура, ноќниот живот, историјата и богатите културни традиции кои биле инспирација и поттик за едни од најголемите дела на современата литература, музика и визуелна уметност, се само дел од причините зашто Би го посетиле овој фантастичен град кој никого не остава рамнодушен.

Москва - Ако Санкт Петербург е Руската царска круна, тогаш Москва е нејзиното фамилијарно срце. Градот каде советското минато се судира со капиталистичката иднина. Мавзолејот на Ленин стои недопрен, но како што расте новата Москва, секое движење кон иднина ќе биде означено со силна благодарност кон богатото и разновидно наследство на градот. Старите катедрали се реставрирани и отворени за верски обреди, иновативните театри го враќаат лидерство во уметноста, а традиционалните пазари се враќаат во живот. Москва само ја потврдува својата позиција како главен и град на древната држава Русија.

ПРОГРАМА

1 ден (19.05.2019 – недела) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на Меѓународниот аеродром Скопје 2 часа пред лет. Полетување кон Истанбул. Трансфер до хотел во близина на аеродромот Ататурк во Истанбул и сместување. Ноќевање.

2 ден (20.05.2019 – понеделник) ИСТАНБУЛ – САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Одјавување од хотелот во Истанбул и трансфер до аеродромот Ататурк за лет кон Санкт Петербург во претпладневните часови. Слетување во Санкт Петербург и трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.

3 ден (21.05.2019 – вторник) – САНКТ ПЕТЕРБУРГ – панорамски разглед на градот

Појадок во хотел. По појадокот следува разглед на градот со водич и посета на спомениците кои ќе придонесат да ја почуствувате историјата на Санкт Петербург, движејки се по: Невски проспект (Nevsky Prospect - главната улица во градот), Исакиевскиот плоштад (Saint Isaac's Square), плоштадот на Сенатот (Senate Square), споменикот на Петар I (Bronze Horseman), Марсово поле (Field of Mars), Летната градина (Summer Garden), Исакиевскиот храм (Saint Isaac's Cathedral), храмот “Спас на Крови” – едно од ремек делата на руската црковна архитектура. Слободно време за ручек и индивидуални активности. Ноќевање.

Дополнителна факултатива: крстарење со брод по реката (уплата и информации на лице место).

4 ден (22.05.2019 – среда) Музеј Хермитаж – Петропавловска тврдина – Царско село/Пушкин

Појадок во хотел. По појадокот е предвидена посета на еден од најбогатите музеи во светот – Хермитаж (Hermitage), каде се наоѓаат едни од најпознатите слики во светот на исто така познатите Леонардо да Винчи, Ван Гог, Рубенс и други. Следува посета на Петропавловската тврдина (Peter and Paul Fortress) чиј камен темелник е поставен пред повеќе од 300 години, на 16ти мај 1703 година од страна на Петар Велики.

Овој датум е прифатен како датум кога е основан градот Санкт Петербург, кој го добил името според светецот-заштитник на царот, апостол Петар.

Можност за дополнителна екскурзија до Царското село (Tsarskoye Selo – Pushkin town) или величенствената летна резиденција на руските цареви (со доплата на лице место). Овде ќе имате можност да ја посетите Палатата на Екатерина (The Catherine Palace) и да уживате во неверојатната архитектура и дворскиот парк, украсен со мермерни статуи, павилјони и мостови. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден (23.05.2019 – четврток) Палатата Петерхоф - САНКТ ПЕТЕРБУРГ - МОСКВА

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности во градот до одјавување на собите. Одјавуавње на собите и заминување кон посета на Петерхоф (Peterhof Palace) – приградската палата на Петар Велики, позната под името “Главниот град на фонтаните”, поради неверојатно убавите фонтани и каскади кои се наоѓаат во паркот, надминувајќи многу палати, вклучувајќи го и францускиот Версај. Ансамбл со фонтани кој не случајно го носи приматот на еден од најкомпетентните и стилски паркови во светот. Слободно време за ручек. Заминување кон Москва со воз. Пристигнување во Москва и трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

6 ден (24.05.2019 – петок) Москва – панорамски разглед на градот

Појадок во хотел. По појадокот заминуваме кон панорамски разглед на неверојатната Москва движејќи се по главната авенија Кутужовски Проспект (Kutuzovsky Prospekt), модерниот односно финансискиот и бизнис центар на градот – “Москва Сити” (Moscow City), “Поклонаја Гора” (Poklonnaya Hill), “Врапчешките ридови” (Sparrow Hills), обновениот храм на Исус Спасителот кој е симбол на оживувањето на христијанска Русија, Московските булевари.. Посета на Третјаковската галерија (Tretyakov Gallery) и единствената и уникатна колекција создадена од патријархот Павел Третјаков, со дела на Вастензов, Врубел, Левитан, Репин, Шишкин, како и најстарите руски икони, меѓу кои и тројството на Андреј Рублев. Слободно време за ручек. По паузата се упатуваме кон пешачки разглед на познатата улица Арбат (Arbat Street) каде се наоѓаат споменици на Пушкин и Окуџава, продавници за сувенири, прекрасна архитектура и Министерството за Надворешни работи на Русија. Слобободно време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел со метро. Ноќевање.

Дополнителна екскурзија: крстарење со брод “Radison Royal” по реката Москва – најдобриот и релаксиран начин да ги видите најзначајните знаменитости на Москва со кратко крстарење. Прекрасен амбиент и декорација прават мостовите кои се издигнати над реките кои течат низ градот, посебно во вечерните часови каде истите се осветелни и придонесуваат одлична глетка. (цена и уплата на лице место).

7 ден (25.05.2019 – сабота) Московско метро – Црвениот плоштад – Кремљ

Појадок во хотел. По појадокот е предвидена посета на Московското метро (Moscow metro station) и една од најубавите метро станици во светот, декорирана со прекрасни фрески и мозаици. Следува посета на Црвениот плоштад (Red Square) – политичкиот центар на руската федерација, катедралата на Василиј Блажени (St. Basil's Cathedral) изградена во 16ти век, Кулата на Спасителот (Spasskaya Tower), GUM – најстариот трговски центар во Русија каде се наоѓаат најлуксузните светски марки во светот, Мевзолејот на Ленин (Lenin's Mausoleum).

Слободно време за ручек. По паузата се упатуваме кон архитектонскиот комплекс на Кремљ (Moscow Kremlin), Градината на Александар (Alexander Garden), катедралата Свети Василиј, Ивановскиот плоштад (Ivanovskaya Square).. Индивидуално враќање во хотел со метро. Ноќевање.

8 ден (26.05.2019 – недела) Москва – Коломоское/Палата Царицино

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет (со доплата) до Коломенское (Kolomenskoye) или палатата Царицино (Tsaritsyno Palace) – резиденција на московските кнезови и руските цареви уште од 14ти век, со вклучена посета на дворецот на Алексеј Михајлович Романов. Прекрасниот архитектонски ансамбл со уметничка и историска вредност е токму причината да Коломенское биде вклучен во листата на светското наследство на УНЕСКО, заедно со московскиот Кремљ и Црвениот плоштад. Слободно време за ручек и уживање во прекрасниот парк со фонтатни и езера. Враќање во хотел. Ноќевање.

9 ден (27.05.2019 – понеделник) МОСКВА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавуавње од хотел и трансфер до аеродромот во Москва за лет кон Истанбул. Слетување во Истанбул и полетување кон Скопје. Слетување во Скопје во предвечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Опција 1 – хотели со 3* 

Дата на патување

Цена по лице двокреветна соба

      Цена за еднокреветна соба

19.05 - 27.05.2019

1012€

1172€


Хотели според програмата:

Санкт Петербург: Hotel Orbita 3*  (или сличен)

Москва: Hotel Gama Izmailovo 3*  (или сличен)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Опција 2 – хотели со 4* 

Дата на патување

Цена по лице двокреветна соба

      Цена за еднокреветна соба

19.05 - 27.05.2019

1287€

1503€


Хотели според програмата:

Санкт Петербург: Hotel Moskva 4* или Imperial Art 4* (или слични)

Москва: Hotel Delta Izmailovo 4* (или сличен)

Пакетната цена вклучува:

Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Санкт Петербург-Москва-Истанбул-Скопје;

Вклучен рачен багаж до 7кг. Вклучен чекиран багаж до 30кг. Аеродромски такси;

3 ноќевања со појадок во хотел со 3*/4* во Сантк Петербург во стандардни соби;

4 ноќевања со појадок во хотел со 3*/4* во Москва во стандардни соби;

Панорамски разглед на Санкт Петербург;

Целодневна екскурзија до Петерхорф;

Посета на Ермитаж;

Панорамски разглед на Москва;

Пешачки разглед на Кремљ;

Локални водичи;

Билети за сите објекти напоменати во програмата;

Претставник од агенција за време на целото патување.

Пакетната цена не вклучува:

Виза за влез во Руска Федерација за која се аплицира најдоцна 14 работни дена пред патување во државата; Такса за гориво (доколку има). Се објавува 21 ден пред почетокот на патувањето;

Дополнителни екскурзии;

Крстарење по Нева (мин. 15 пријавени): 45 € по лице;

Посета на Царско Село (мин. 15 пријавени): 50 € по лице;

Целодневна екскурзија до Коломенское и парк Царицино со посета на дворецот на Алексеј Романов (мин. 15 пријавени): 50 € по лице;

Крстарење по река Москва (мин. 15 пријавени): 45 €;

Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција) Индивидуални трошоци;

Трошоци кои не се напоменати во програмата (бакшиши за водичи, возачи, ресторани, користење на мини бар услуги во хотелите, итн).

Општи информации:

Минимум пријавени патници за реализација на аранжманот: 30;

Дополнителните екскурзии се резервираат исклучиво во агенција при резервација;

Потребни документи за виза:

Патна исправа со валидност најмалку 6 месеци од денот на враќањето во матичната држава;

1 слика во боја – пасошки формат;

Формулар за виза;

Трошоци за виза: околу 60 € (неповратни - уплата директно во амбасада);

Забелешки:

Пакетната цена е изразена по лице во двокреветна стандардна соба;

Организаторот има право на промена на цената на аранжманот доколку дојде до промена на цената на авионските билети, хотелските капацитети, екскурзиите, билетите за посета на локални објекти и сл. Организаторот има право на промена на редоследот на програмата; Рок за известуање доколку не се исполни минималниот број на патници за реализација: 15 дена пред предвидениот датум за реализација на аранжманот.

Услови за резервација:

Уплата на 50% депозит од вкупната вредност на аранжманот по лице;

Доплата на аранжманот: 30 дена пред датумот на реализација;

Податоци од патници: име и презиме (според пасош), дата на рагање, број на патна исправа, дата на издавање и истекување на патната исправа, контакт мобилен телефон од секој патник. Организаторот не одговара доколку патникот испрати невалидни податоци по електронски пат (освен во случај на испратена скенирана/фотографирана патна исправа).

Рокови за отказ на аранжманот

Уплатениот депозит од 50% е неповратен во случај на отказ на аранмжамнот од страна на корисникот на услугата;

При отказ на аранжманот од страна на корисникот на услугата од 29 до 15 дена пред датумот на реализација, се задржува 70% од вредноста на аранжманот;

При отказ на аранжманот од страна на корисникот на услугата од 15 дена или помалку пред датумот на реализација, се задржува 100% од вредноста на аранжманот;

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари