КАПАДОКИЈА-11.ОКТОМВРИ

Неверојатна, волшебна и мистериозна Кападокија, солено езеро Туз Ѓолу- Анкара-Мавзолеј Кемал Ататурк -транзит низ Бугарија
(превоз+хотел со појадок +(вечера со доплата) +пратител од агенцијата)

Поаѓање: 07.10.2022
Враќање во Битола : 12.10.2022
 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 239 € / 14.820 ДЕН

 

ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО И ОДГОВОРНО.

ЗА ПАТУВАЊЕ И ТРАНЗИТ ПРЕКУ БУГАРИЈА ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВААТ МОМЕНТАЛНИТЕ ИЛИ СИТЕ НОВОДОНЕСЕНИ МЕРКИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД НАШАТА ДРЖАВА И ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА  ДОКОЛКУ ИМА ПРОМЕНИ ВО ОДНОС НА COVID-19 .

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта.

Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи.
Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството.. 

1. ДЕН 07.10-2022 СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА

Состанок на групата на паркингот на хотел Вип во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот. Се патува преку Девебаир Бугарија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патот води преку Истанбул, Анкара, Невшехир. Дневно и ноќно возење со време за царински формалности (ноќно возење се до наредниот ден до предпладневните часови).

2. ДЕН 08.10.2022 КАПАДОКИЈА

Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу. По паузата се упатуваме према Кападокија. Пристигнување во предпладневните/пладневните часови. Сместување во Хотел во 14 часот, време за одмор, релаксација и слободни активности.Предвидена факултативна посета на црвената долина BUS SUNSET со прекрасниот залез на сонцето или ATV SUNSET TOUR”возење со ATV QUAD BIKES во времетраење од 1 часа, со залез на сонцето во попладневните часови. Вечера. Ноќевањe.

3. ДЕН 09.10.2022 КАПАДОКИЈА

Појадок во хотел. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено - Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера, припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци, (вклучува трансфер, неограничени локални пијалоци и апетисани). Ноќевање

4.ДЕН 10.10.2022 КАПАДОКИЈА

Рано наутро околу 04:30 ч (трансфер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч. Појадок во хотелот. По појадокот факултативно околу 09:30 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Кајмакли еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање . Посета на традиционална претстава Дервишка церемонија+трансфер-Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел. Вечера. Време за слободни активности. Ноќевање.

5.ДЕН 11.10.2022 КАПАДОКИЈА – АНКАРА - СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот околу 09:30 напуштање на хотелот, багажот во автобус и се упатуваме во посета на традиционална работилница за изработка на накит од природен камен ONIX, сребро и 24 каратна позлата. Присуство на презентација и можност да се купи некое парче од изработките. Се упатуваме према главниот град на Турција-Анкара, каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности и посета на познатиот шопинг центар АНКА МОЛ. Во вечерните часови во договор со групата поаѓање за Македонија. Ноќно и дневно возење преку Бугарија, со попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден.

6.ДЕН 12.10.2022-СКОПЈЕ

Планирано пристигнување во Скопје во предпладневните/пладневните часови пладневните часови.

Во цената се вклучени следниве услуги:

*Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Кападокија-Скопје
* 3 ноќевања со појадок  во Хотел 4**** или 5***** во Ѓореме , Урѓуп, Аванос
*Посета на соленото езеро Туз Ѓолу

*Посета на Мавзолејот на Кемал Ататурк во Анкара
*Посета на шопинг центар ва Анкара
*Претставник/пратител од агенцијата за целиот престој

Во цената не се вклучени следниве услуги:

*Сите кои нема да користат ниту една од понудените факултативни излети треба да извршат доплата на аранжманот во агенција..... ...........................25 еур

*Доплата во агенција за седиште во автобус по избор на патник..10 еур

*Доплата за вечера за целиот престој во хотелот ..........................20 еур
*Факултативна посета од втор ден по програма црвената долина со залез на сонцето BUS SUNSET со локален водич + превоз+влез…………………………............................................….....10 еур

*ATV SUNSET TOUR”ATV QUAD BIKES 4 X 4,2 кациги, трансвер од хотел,локален водич и возење  за 1 лицe  по програма од втор ден(по две лица на мотор)цена по лице ……… ………………………..............................25 еур
*факлутатива од тред ден со сите влезници и ручек опишана во програмата………………………..………………………………........50 еур
*Факултатива од четврти ден со сите влезници и ручек опишана во програма…..……………………………………………………............50 еур
*Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци,музика,со вклучени неограничени пијалоци и апетисани,трансвер...............................................................................30 еур
*Летање со балон (од 150  еур,во зависност од расположливи места во балони и временски услови).
* Туристичка такса 2 еур од ден по соба(се плаќа во агенција).
*Задолжително патничко осигурување .
*Индивидуални трошоци.

НАПОМЕНА:
Калкулацијата е правена на пријавени 45 патници
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ
Задолжително пријавување во агенција кои од факултативните излети наведени во програмата патникот ќе ги користи и за истите треба да изврши резервација со уплата од 30% од вкупната цена, посебно се однесува за резервација на лет со балон. Целосна доплата на аранжманот 10 дена пред патување. 

Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби , и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.
Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 4500 ден(за 3 ноќи) за хотел
Деца до 1.99 год.бесплатно во соба ,плаќа само превоз 80 еур/4960
Дете од 2год.-11.99 плаќа минус 20 % од цената.
Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на пaтувањето.

 Важат општите услови за патување на  TA PALAS