villa BALKAN

ЛЕТО 2022 ВО БУДВА

Будва претставува центар на туризмот во Црна Гора и едно од најатрактивните летувалишта на брегот на Јадранот. Претставува спој на историја, култура, традиција. Во Будва најголем впечаток кај посетителите остава секако Стариот Град и прекрасните плажи Могрен и Словенска плажа. Будва е активна преку цел ден, има огромен број на дискотеки, ресторани, кафулиња, пицерии и маркети со што им нуди на туристите незаборавен одмор. Во непосредна близина се наоѓа и  островот Св.Никола кој е најголем во овој дел од Јадранот, а исто во нашата понуда ќе имаме и организирани крстарења со бродчиња до најпознатата плажа ПЛОЧЕ.

ВИЛА БАЛКАН – се наоѓа на самата Јадранска магистрала во централниот дел од Будва. Има одлична локација и од плажа е некаде на околу 100 метри. Патниците се спуштаат преку патека која поминува низ Комплексот Словенска плажа и се веднаш на сама плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија, сите опремени со тв, клима (без доплата), балкон, сопствено купатило, пешкири и мини фрижидер. Во дворот на вилата се наоѓа прекрасно уреден ресторан и пицерија. Во непосредна близина на вилата има маркет.

ЦЕНИТЕ се со вклучен попуст до 31.05.2022

ЦЕНАТА Е ДАДЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА 1ЕУ=62 МКД

 

ТЕРМИН 

НОЌЕВАЊА

1/2 двокреветна

1/3 трокреветна

15.07-22.07.2022

7 ноќи

215 еу по лице

205 еу по лице

22.07-29.07.2022

7 ноќи

215 еу по лице

205 еу по лице

29.07-05.08.2022

7 ноќи

215 еу по лице

205 еу по лице

05.08-12.08.2022

7 ноќи

215 еу по лице

205 еу по лице

12.08-19.08.2022

7 ноќи

215 еу по лице

205 еу по лице

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ СО ПОАЃАЊЕ ОД ПРИЛЕП, БИТОЛА, РЕСЕН, ОХРИД И СТРУГА

Поаѓањето од Битола во 02:00 часот – Спортска Сала.

Поаѓање од Прилеп во 01:15 часот- Салида.

Поаѓање од Ресен 02:30 часот – Автобуска.

Поаѓање од Охрид 03:15 часот – бензинска Окта.

Поаѓање од Струга 03:30 часот – пред Нептун (кружен тек).

Скопје – Велес – трансфер до Прилеп + 10 еу по лице (инфо 2 дена пред поаѓање)

Сместување во собите во 13 часот.Одјавување во 09 часот.

Напомена!!!

Дете до 2 години – бесплатно (не користи легло)

Прво дете до 12 со двајца возрасни користи легло плаќа 70% од цената на аранжманот

Второ дете до 12 со двајца возрасни користи легло плаќа 50% од цената на аранжманот

За деца со полни 12 години се плаќа целосна сума.

ЦЕНАТА Е ДАДЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.

За сопствен превоз одобруваме – 20 еу од вкупната сума на аранжманот.

Цена само за превоз 3410 денари по лице за повратна карта, 1700 еден правец.

Туристичка такса 1 еу по ден по лице се плаќа задолжително во агенција.

За патувањето потребно е да се приложи валиден пасош или лична карта, се патува преку граничен премин Ќафасан.

Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 10 евра за два правци и право на избор на седиште.