ВРЊАЧКА БАЊА
ZEPTER****
Врњачка Бања се наоѓа на 200 км од Белград и располага со голем избор на хотели, вили и приватни сместувања. Позната е по своите лековити води и претставува центар со најсовремена медицинска служба за превенција, лечење, дијагностицирање и рехабилитација на органите за варење и шеќерни болести. Топлата вода во Врњачка Бања има температура од 36.5 степени целзиусови колку што е температурата на човечкото тело по што е единствена во Европа. Врњачка Бања располага со 7 познати минерални извори : Снежник, Слатина,Топла Вода, Езеро, Борјак, Бели извори и Врњачко врело, од кои 4 се за лековита терапија (Снежник,Слатина,ТоплаВода и Езеро) додека другите две се користат за флаширање на минерална вода (Борјак и Врњачко врело)
Врњачките лековити води се користaт за лекување на :
-Шеќерни болести
-хронично воспалување на црева и желудник
-чир во желудник и дванаесетпалачното црево
-болест на бубрежната карлица ,мочниот меур, уринарниот тракт и др болести
Хотел ZEPTER****
На местото на поранешниот стар хотел Звезда, на централниот дел од шеталиштето „Променада“ и со површина од дури 11.445 м2, денес се наоѓа величествениот хотел Цептер, еден од најголемите и највпечатливите хотели во Врњачка Бања, хотелот е единствен спој на старо и ново. Стариот дел, од 1920 година, беше изграден директно на Променадата, главната пешачка комуникација на Врњачка Бања, покрај реката Врњачка и нејзината надворешна архитектура е законски заштитена како историски споменик, а новиот, поголем дел од хотелот е свртен кон улицата паралелно со шеталиштето, кое му дава на хотелот совршена позиција и добри пристапи од сите страни.
Хотелот Zepter има 96 лукс соби, 18 луксузни соби и 4 луксузни апартмани. На своите гости им нуди разновидни капацитети : два ресторани (ресторан Zepter SmartLife и Crystal Hall), бар Zepresso Aperitif, летна тераса со поглед на шеталиштето во ресторанот Zepter SmartLife, кардио-интерна медицина и стоматолошка ординација, Zepter Garden Block, отворен простор каде гостите можат да уживаат во разновиден асортиман на храна и пијалоци. Од спортските објекти, најатрактивен е внатрешниот базен (целосно реновиран) со термално-минерална вода. Гостите имаат на располагање џакузи и сопствена градина со аперитив бар, отворена во лето, како и сосема нова и модерна теретана и сауна.
ЦЕНОВНИК по ЛИЦЕ за ПЕРИОД : 01.09. – 31.10.2021 | ||||
Тип СОБА | Услуга | Недела – петок | Викенд (петок-недела) | 7 дена – пакет |
1/2 LUX | НП | 28 € | 32 € | 196 € |
Студио LUX 1/2 | НП | 33 € | 37 € | 232 € |
Deluxe 1/2 | НП | 36 € | 40 € | 250 € |
ЦЕНОВНИК по ЛИЦЕ за ПЕРИОД : 01.11. – 24.12.2021 | ||||
Тип СОБА | Услуга | Недела – петок | Викенд (петок-недела) | 7 дена – пакет |
1/2 LUX | НП | 25,5 € | 29 € | 167 € |
Студио LUX 1/2 | НП | 30 € | 34 € | 208 € |
Deluxe 1/2 | НП | 35 € | 40 € | 246 € |
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- Сместување на база ноќевање со појадок
- Пријава во 14.00 часот, одјава во 11.00 часот.
- ГРАТИС користење на SPA & WELLNESS содржините...затворен базен со минерална вода, џакузи, теретана, фитнес, сауна;
- WI-FI
- Попуст од 10% на услугите од Relax – центарот
ОПШТИ НАПОМЕНИ :
- За 1/1 соба – ДОПЛАТА од 40% од цената
- Минимален престој за време на викендот е 2 ноќевања
- За едно ноќевање, цената се зголемува за 20% од цената
- ДОПЛАТА за вечера : 8,5 € за возрасни и 6 € за деца, на ден.
ПОПУСТИ за ДЕЦА ДО 15 години :
- ЕДНО дете до 6,99 год. со 2 возрасни лица – ГРАТИС
- ЕДНО дете до 6,99 год. со 2 возрасни лица – ГРАТИС, додека ВТОРО дете до 14,99 години остварува попуст од 50% од цената
- ЕДНО дете од 7 – 14,99 со 1 возрасно лице има попуст од 30%
- ДВЕ деца од 7 – 14,99 години со 1 или 2 возрасни лица, двете деца остваруваат попуст од 50%