БЕЛГРАД

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1 ДЕН (30.12.’20 – среда) : БИТОЛА – БЕЛГРАД Состанок на Градската Автобуска Станица во 22.30. Поаѓање за Србија во 23.00 Ноќно патување, со кратки попатни одмори. Патот води покрај Прилеп, Велес, Скопје, Врање, Лесковац, Ниш...

2 ДЕН (31.12.’20 – четврток) : БЕЛГРАД Пристигнување во Белград во утринските часови...панорамски разглед на градот со стручен водич...црквата Св. Сава, брдото Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, музејот 25-ти Мај, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието..прошетка низ тврдината Калемегдан и улицата на кнезот Михаило – каде и завршува разгледот...Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуален разглед на градот или одмор. Вечерта – дочек на НОВАТА 2021. ГОДИНА (Свечена вечера со програма и многу изненадувања во самиот хотел, или на отворено – на платото пред Собранието). Ноќевање. 

3 ДЕН (01.01.’21 – петок) : БЕЛГРАД – НОВИ САД Појадок. По појадокот – (факултативно) заминување за Нови Сад – разглед на градот...стариот дел, Катедралата, Општинската зграда, Петроварадинската тврдина, улицата „Змај Јовина“ - најпознатото шеталиште, кое изобилува со бројни продавници, кафичи и ресторани...во попладневните часови – враќање во Белград...Вечерта (по желба) – ноќна прошетка низ центарот на Белград, со посета на боемскиот кварт „Скадарлија“...Ноќевање.

4 ДЕН (02.01.’21 – сабота) : БЕЛГРАД – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Посета на новоотворениот Трговски Центар „ГАЛЕРИЈА“...можност за релаксација, шопинг во  најголемиот шопинг центар во Србија...планирано поаѓање за Македонија околу 14.00 Пристигнување во Битола во касните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 6.390,00 денари (103 €) -  FIRST MINUTE ЦЕНА (за УПЛАТИ до 04.12.2020 !!!)

                                               6.990,00 денари (113 €) – РЕДОВНА ЦЕНА

ДОПЛАТА за 1/1 соба : 1.500,00 денари.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 2 НП во хотел со 3*, разглед на Белград со стручен водич, посета на ТЦ „Галерија“, TРАНСФЕРИ на патници - без надокнада од Струга – Охрид – Ресен - Кичево, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (200,00 ден. – по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Посета на Нови Сад – 10 € по лице (минимум 25 лица); свечената Новогодишна вечера – 55 € по лице (музика со програма, богата шведска маса, неограничена консумација на локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, огномет, лотарија и други изненадувања...); туристичката такса – 1,4 € (87,00 ден.) по лице на ден (се плаќа во агенција - задолжително).

БЕЛГРАД – краток опис : Белград, град со многу бурна историја, е еден од најстарите во Европа. Неговата историја трае цели 7000 години. Областа околу големите реки Сава и Дунав била населена во палеолитскиот период. Остатоци од човечки коски и черепи од неандерталците потекнуваат од старото камено време, пронајдени во каменолом кај Лештан, во пештера на Чукарица и кај пазарот на Бајлони. Ова укажува на тоа дека областа на Белград била постојано населена и дека интензитетот на таа населба станувал посилен. Многу од денешните населби во областа на Белград лежат на културните слоеви на претходните праисториски населби. Пишаните документи, ископаните останки од Римјаните, Хуните, Сарматите, Аварите, Готите, Словените, Византијците, Македонците, Османлиите, Унгарците сведочат за бурната историја на „Сингидунум“ – денешен Белград, кој денес – после многу историски премрежија, како во антиката, средниот век и модерното време, прераснува и наликува на вистинска Европска метропола...

НОВИ САД – краток опис : Нови Сад е еден од трите најголеми градови во Србија - на само еден час возење од Белград. Неговата Елегантност и убавина ја надополнуваат и неговите жители, кои дури и во ерата на брза комуникација, го зачуваа равничарскиот мир и природната добрина. Под „карпата Петроварадин“, се создаде мала панонска планина Фрушка гора, град на Дунав - Нови Сад, кој постои нешто повеќе од 300 години. За прв пат се споменува во 1694 година, две години откако започна изградбата на тврдината Петроварадин. Таму, на „Дунавскиот Гибралтар“, на 1255-тиот километар од оваа река, централноевропската Хабсбуршка монархија се издигна од пепелта со подигнувањето на тврдината, по Турската опсада на Виена во 1683 година. На троречието (реките Дунав, Тиса и Сава, се судрија три цивилизации - христијанскиот исток, христијанскиот запад и исламот – така да бројни етнички и религиозни групи најдоа засолниште. Србите го нарекоа Војводина, а другите го прифатија. Оваа област, и пред и по Римјаните, има интересна историја на долго траење на бројни народи и култури. Тука боравеле Гепидите, Хуните, Аварите, Словените, Германците, Унгарците, Византијците и Турците. На „карпата Петроварадин“, Римјаните изградиле утврдување, кое подоцна го реконструирале Унгарците и го одржувале Турците. Наспроти тврдината, од левиот, мочурлив брег на Дунав, по протерувањето на Турците, кон крајот на 17 век, Австријците изградија мост, а околу него се појави населба од војници, занаетчии и трговци. На почетокот, населбата беше наречена Рачко (српско) село, а подоцна и Петроварадински Шанац. Кога населбата се зголемила, по крајот на војните на почетокот на 18 век, граѓаните желни за слобода успеале, со финансиски откуп од 80 000 форинти, да добијат статус на БЕСПЛАТЕН КРАЛСКИ ГРАД од царицата Марија Тереза, под името НОВИ САД...Беше 1 февруари 1748 година.

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

-          Патувањето се одвива според новите COVID 19 пропишани протоколи за работа со туристички групи.

-          Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

-          Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

-          За овој аранжман може да се патува и со лична карта.

-          Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

За отказ на резервација важат опшите услови, односно :

- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 20.12.2020 !!!

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и СКТМ.