МАВРОВО
РАДИКА РЕСОРТ & СПА*****
- Хотел & СПА РЕСОРТ – RADIKA***** - Леуново – МАВРОВО
Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје. Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен. Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост. Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Ние ги нудиме најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен. Нашата мисија е на локално ниво да достигнеме врвен хотелски стандард, да ги надминеме очекувањата на регионалните посетители и да станеме прв избор, за нашите потенцијални корпоративни и приватни клиенти. Како добри домаќини, со природна насмевка и ненаметлива љубезност, со задоволство Ви стоиме на располагање 24 часа во денот, 365 дена во годината.
ЦЕНОВНИК по ЛИЦЕ – на ДЕН – ВАЛИДЕН ДО 01.12.2020 |
||
ТИП на СОБА |
1/1 |
1/2 |
СУПЕРИОР |
3.658,00 |
2.418,00 |
ЏУНИОР СУИТ |
4.402,00 |
2.914,00 |
АПАРТМАН & ДУПЛЕКС АПТ |
5.146,00 |
3.410,00 |
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ АПАРТМАН |
12.710,00 |
7.440,00 |
Сите цени се во МКД по лице по ноќевање со вклучен појадок
- Цените се однесуваат само за индивидуални гости не и за групи
- Деца од 0-4 години сместени со родителите – гратис
- Деца од 4-12 години сместени со родителите 930 мкд по дете/ноќевање
- Трето возрасно лице во соба : 1550 мкд по лице/ноќевање
Вклучено во цената на сместување :
- Туристичка такса, Осигурување, ДДВ
- СПА & Фитнес центар : Надворешен базен, Внатрешен базен, Џакузи, Сауни, Парни бањи, Приватна кабина со солена вода, Хамам, Фитнес центар
- Спорт Бар : 500 спортски канали, билијард, пикадо
- Пинг понг, Фудбалче, Внатрешна детска игрална
- Паркинг
- Интернет, ИПТВ
Дополнително се доплаќаат :
- Ручек 930 мкд по оброк по лице
- Вечера – 930 мкд по оброк по лице