АНДАЛУЗИЈА
27.05.2026 14:45
31.05.2026
599 ЕУР
ШПАНИЈА
Програма
АНДАЛУЗИЈА се наоѓа на југот на Шпанија и со векови била крстопат на цивилизации. Уште од античко време тука живееле Иберите, потоа дошле Феникијците и Римјаните – од нив останале патишта, аквадукти и амфитеатри, но вистинскиот печат го оставил периодот на Ал-Андалус (711–1492), кога регионот бил под маварска власт. Тогаш Андалузија станала еден од најразвиените делови на Европа – центар на наука, филозофија, медицина, астрономија и уметност. Од тој период се бисерите како Алхамбра во Гранада, Мескита во Кордоба и Алказар во Севиља. Во 1492 година, со Реконкистата, регионот повторно преминал под христијанска власт. Интересно е што наместо да исчезне, маварското влијание останало длабоко вгнездено – во архитектурата, дворните градини, музиката, јазикот и секојдневниот живот.
Андалузија е и лулка на фламенкото – музика и танц родени од мешавина на арапски, ромски и шпански култури. Тука се родени и силни традиции како коридата, фиестите и познатата андалузиска душа – страстна, топла и горда. Историски гледано, токму од андалузиските пристаништа (Севиља, Кадиз) тргнувале експедициите кон Новиот свет, што ѝ донело огромно богатство и влијание во 16 век. Денес, Андалузија е магична мешавина од : римски корени, исламска елеганција, христијанска традиција и медитеранска опуштеност, регион каде минатото не е во музеј – туку живее на улица, во каменот и во ритамот на животот. Андалузија е една од оние региони што буквално ја носат историјата во воздухот.
1 ДЕН (27.05.’26 – среда) БИТОЛА – ТИРАНА - МАЛАГА : Состанок на групата на Градска Автобуска Станица во 08:30 часот. Поаѓање за Албанија во 09:00 часот. Патот води преку Охрид, Струга, ГП Ќафасан, Елбасан...пристигање на аеродромот во Тирана околу 15:00 часот. Летот за Малага е во 17:25 часот со WIZZ AIR. Пристигање на аеродромот во Малага во 20:50 часот. По царинските и пасошките формалности – трансфер до хотел. Ноќевање.
2 ДЕН (28.05.’26 – четврток) БЕНАЛМАДЕНА – МАЛАГА : Појадок. По појадокот – факултативен разглед со стручен водич на Малага...еден од најстарите градови во Европа, основан од Феникијците околу 770 г. п.н.е. Низ вековите поминал под римска и маварска власт, а денес е совршен спој на историја и Медитеран. Над градот се издигнува Алказаба, маварска тврдина со поглед кон морето, а веднаш до неа се остатоците од римскиот театар – симбол на слоевитата историја. Малага е родниот град на Пабло Пикасо, што ѝ дава уметничка тежина и модерен дух. Денес е жива, сончева и опуштена – град каде историјата оди босa по плажа…прошетка низ стариот град, тврдината Алказаба и Римскиот театар, La Manquita – ренесансно барокна катедрала позната по тоа што има само една завршена кула, куќата каде е роден Пикасо – интимно и интересно место за љубителите на уметноста, паркот во Малага – зелена оаза помеѓу центарот и пристаништето, покриениот пазар – место каде можете да најдете уникатни специјалитети и производи од овој регион...Ви препорачуваме да пробате espetos de sardinas (сардини на жар)...слободно време за индивидуален разглед на градот и шопинг. Враќање во хотелот во касните попладневни часови. Ноќевање.
3 ДЕН (29.05.’26 – петок) БЕНАЛМАДЕНА – СЕВИЉА : Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет до Севиља...срцето на Андалузија – град на кралеви, освојувачи и вечни легенди. Во маварско време била еден од најважните градови на Ал-Андалус, а по откривањето на Америка станала главна порта кон Новиот свет. Симболите на градот се Катедралата во Севиља (најголемата готска катедрала во светот, вечно пребивалиште на Христофор Колумбо), кулата Хиралда (La Giralda), магичниот Реал Алкасар (Real Alcazar) Кралска палата и едно од најубавите места во Шпанија - Маварска архитектура, дворци со фонтани и градини што изгледаат како од бајка, Златната кула (Torre Del Oro) покрај реката Гвадалкивир – симбол на поморската моќ на Севиља...и на крајот – преку паркот Марија Луиза доаѓаме до ремек-делото на архитектот Ханибал Гонзалес - Плоштадот Шпанија (Plaza De Espana), едно од највпечатливите места во Шпанија...мостови, керамика, канали и кули, совршено место за фотографии и прошетка, место каде преку керамички мурали се претставени сите региони и провинции во Шпанија...Севиља е родното место на фламенкото (квартот Triana) и град каде страста се чувствува во секој чекор – во музиката, во дворовите со портокалови дрвја и во топлите андалузиски ноќи. Слободно време. Состанок на групата во договореното место и време. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ДЕН (30.05.’26 – сабота) БЕНАЛМАДЕНА – ГРАНАДА : Појадок. По појадокот – поаѓање за Гранада (факултативен излет) град на поезијата, тагата и убавината. Тој бил последното маварско кралство во Шпанија и симбол на крајот на Ал-Андалус. Над градот гордо стои Алхамбра – ремек-дело на исламската архитектура и еден од најубавите дворци во светот. Гранада носи посебна атмосфера: тесни улички, маварски квартови како Албаисин, поглед кон снежните врвови на Сиера Невада додека спојот на ориентална мистичност и шпанска душа најубаво ќе го почувствувате во Алкајсерија (Alcaiceria) стара Арапска чаршија, шарена и полна со арапски дух...Ова е град што не се објаснува – се доживува. Слободно време. Состанок на групата во договореното место и време. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ДЕН (31.05.’26 – недела) БЕНАЛМАДЕНА – ТИРАНА : Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Багажот се остава во одредена просторија...Слободно време за разглед на туристичкото место или индивидуално – посета на Малага со користење на јавен превоз...состанок на групата (во хотелот) во 18:00 часот. Поаѓање за аеродромот во 18:30 часот. Летот за Тирана е во 21:35 часот со WIZZ AIR. Пристигнување во Тирана во 00:50 часот – наредниот ден. Патот продолжува кон Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 37.140,00 ден. (599 €)
ДОПЛАТА за 1/1 соба : 8.680,00 ден. (140 €)
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 50 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
- Трансфер на релација Македонија – Тирана аеродром - Македонија
- Авионски билет (со рачен багаж во цената), на релација Тирана – Малага – Тирана;
- Трансфер Малага аеродром – хотел и обратно (со метро+минибус);
- 4 НП во хотел со 4* (хтл.PALMASOL);
- организација, придружба и реализација на аранжманот;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
- влезниците при посета на културно-историските споменици (освен таму каде што е наведено);
- Разглед на МАЛАГА (трансфер со метро и минибус + локален водич) : 40 € - по лице;
- Разглед на СЕВИЉА (трансфер+локален водич) : 90 € - по лице;
- Разглед на ГРАНАДА (трансфер+локален водич) : 75 € - по лице;
- Влезница за AlHambra (Гранада) : 50 € по лице
- патничкото осигурување - 500,00 ден. по лице;
НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 15 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и СКТМ
Информации за плаќање
Галерија
Резервирај
Аранжмани