САРАЕВО/НОВА 2026/2 ноќи
30.12.2025 13:00
02.01.2026
125 EUR
БОСНА
Програма
Прв ден: 30.12.2025 (ВТОРНИК ) Битола – Сараево
Состанок на групата во 19 00 часот од Спортска Сала. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
Втор ден: 31.12.2025 (СРЕДА) Сараево
Пристигнување во Сараево во претпладневните часови. Пешачки разглед на градот со локален водич и посета на: градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, катедралата Срце Христово, Соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија, Башчаршија, мостовитe. Сместување во хотел.
Вечерта НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК на плоштад каде главна ѕвезда ќе биде ЈЕЛЕНА РОЗГА. Ноќевање.
Трет ден: 01.01.2026 (ЧЕТВРТОК ) Сараево – Јабланица – Мостар – Сараево
Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар. Со попатна посета на Јабланица - срушениот мост од Втората Светска Војна познат по битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Вклучена посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево. Ноќевање.
Четврти ден: 02.01.2026 (ПЕТОК ) Сараево - Босански Пирамиди – Вишеград – Битола
Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на местото Високо-каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот - Босанските пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри пирамидата на Сонцето е најголемата пирамида во светот. Продолжуваме кон посета на тунелот ''Равно 1'' во кој имаме околу еден час посета во внатрешноста на ископините кои се наоѓаат во подножјето на пиреамидите. Докажано е дека просториите под пирамидите имаат лековити моќи поради големото ниво на јонизација. По завршување на посетата се враќаме во хотел.
***Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотелот. Одјавување од хотелот.
Заминување кон Вишеград. Го посетуваме симболот на градот мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот “Мостот на Дрина” на Иво Андриќ. Воедно го посетуваме и ,,Андриќ Град'' познат како камен град изграден по идеа на Емил Костурица во чест на Иво Андриќ. Враќање кон Македонија со попатни паузи.
Петти ден: 03.01.2026 (САБОТА)
Пристигнување во Битола во утринските часови.
ПРОМО ЦЕНА – 125 евра
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ - 145 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
•Aвтобуски превоз на дадената релација;
•Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
•Разгледување на Сараево со локален водич;
•Разглед на Андрич град;
•Придружник на групата.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Бр.1: Полудневен излет до Мостар (разглед + Јабланица) – 45 евра - минум 35 патници;
Бр.2: Посета на Босански Пирамиди - 30 евра (миниум 30 патници);
Босански пакет ( Мостар + Босански Пирамиди) - 70евра.
•Туристичка такса 2 евра ;
•Здравствено патничко осигурување (задолжително);
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
- Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
- Доплата за избор на седиште во двата правци 10 евра;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 3 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот за овој аражман може да се патува и со лична карта.
Информации за плаќање
Галерија
Резервирај
Аранжмани