КРИТ/ОКТОМВРИ/7 ноќи

Датум на тргнување

10.10.2025 17:06

Датум на враќање

18.10.2025

Цена на аранжман

Од 399 €

Дестинација

ГРЦИЈА

Програма

КРИТ спаѓа во едно од најубавите Грчки острови. Пределите варираат од соголени сртови до бујни планински шуми и рајски песочни плажи. КРИТ е колевка на Европа, овде е создадена Миноанската култура, првата високоразвиена цивилизација на Западниот свет. Миноанскаста култура е од бронзеното време, од 2600 до 1150 година п.н.е. Напредна цивилизација во секој поглед, која имаше и своја морнарица. Римјаните владееле со островот од 69. година п.н.е. до 330. година, додека спојот на нивното владеење и Византиската култура го збогати културно-историското наследство на ова острово, денес претставено во споменици и мозаици ширум светот...Овој остров, настанат како последица на поместувањето на тлото, покрај туризмот – познат е и по производство на вино, маслини и маслиново масло, суво и свежо грозје, портокали...островот е долг 260 километри и широко од 12 до 60 километри, додека обалата му е долга 1050 километри, се протега на 8336 км2 и има околу 630.000 жители. За Крит се поврзани многу Грчки митови, еден од најпознатите е митот за Минос, кралот на Крит кој одбил да жртвува бик на боговите. Посејдон потоа направи да неговата жена се заљуби во бик, од што се створил митскиот звер Минотаур...на Крит се наоѓа пештерата Идеон Андрон, во која – како се верува се родил Зевс...таму – според легендата, неговата мајка Реа го криела од неговиот татко Кронос, кој сите други деца ги јадел – со цел никој да не стане негов наследник...

1.ДЕН (10.10.2025 – петок) БИТОЛА – ПИРЕА Состанок на групата пред паркингот на Спортската сала „Младост“ во 05.30 часот. Поаѓање за Грција во 06.00 часот. Патот води преку Лерин, Птолемаида, Кожани, Катерини, Лариса, Ламиа...денско патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Пиреа околу 19.00 часот. Трансфер на траект. Поаѓање за Крит во 21.00 часот. Ноќна пловидба.

2.ДЕН (11.10.2025 – сабота) ХЕРАКЛИОН – РЕТИМНО Пристигнување во главниот град на островот околу 06.30 часот. После пристанишните формалности – се упатуваме кон Ретимно, градче на северната обала на Крит, на Егејското море. Градот е релативно „млад“ за Крит, бидејќи почнал да се развива за време на Млетачкиот период и во тоа време служел како попатна станица помеѓу Ханија и Хераклион...набрзо станува седиште на епископот и аристократијата на Крит, што го поттикнало неговиот развој...Прошетка низ едно од најпопуларните туристички места на Крит и едно од најдобро сочуваните стари средновековни градски јадра во Грција...посета на Млетачката тврдина, Градската куќа, Градската капија, плоштадот Римонди...сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3. – 8.ДЕН (12 – 17.10.2025) КРИТ Уживајте на прекрасните плажи на овој остров, Егејското и Средоземното море, Кретанската кујна и гостопримливост кои се уникатни, а Миноанската цивилизација Ве чека да ја запознаете...

т.а.ПАЛАС припреми богата факултативна програма која не смеете да ја пропуштите...

9.ДЕН (18.10.2025 – сабота) РЕТИМНО – ХЕРАКЛИОН Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Околу пладне – поаѓање за Хераклион. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на групата на на договореното место во 18.30 часот. Поаѓање кон пристаништето и трансфер на траект. Поаѓање за Пиреа во 21.00 часот. Ноќна пловидба.

10.ДЕН (19.10.2025 – недела) ПИРЕА – МАКЕДОНИЈА Пристигнување во Пиреа во 06.00 часот. По пристанишните формалности – поаѓање за Македонија...денско патување, со кратки попатни паузи.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 28.460,00 денари ( 459 €) – редовна цена

24.740,00 денари (399 €) – за ЦЕЛОСНА уплата до 01.08.2025 !!!

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

- Автобуски превоз на горенаведената релација;

- FERRY на релација ПИРЕА – ХЕРАКЛИОН – ПИРЕА (deck-седишта);

- 7 НП во хотел со 3* во Ретимно;

- Трансфери спрема програма;

- Пратител на група;

- организација, водство и реализација на аранжманот;

ДОПЛАТИ и ПОПУСТИ :

- Доплата за ДВОКРЕВЕТНА КАБИНА на FERRY : 40 € по лице во правец;

- Доплата за ТРОКРЕВЕТНА КАБИНА на FERRY : 25 € по лице во правец;

- Доплата за ЧЕТИРИКРЕВЕТНА КАБИНА на FERRY : 25 € по лице во правец;

- Доплата за 1/1 соба : 20 € на ден;

- Дете 2 – 12 година остварува попуст од 25% од цената на аранжманот за возрасен;

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

- Факултативните излети и посети;

- влезниците при посета на културно-историските споменици;

- патничкото осигурување (380,00 денари по лице);

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (ОПИС)

1. ХЕРАКЛИОН & КНОСОС

Поаѓање за Хераклион во 09.30 часот. Пристигнување во главниот град на островот околу 10.30 часот... Хераклион го основаат Сарацените во 824. година, со цел да биде едно од нивните утврдувања и поради тоа изградиле тврдина со пристаниште...од тоа место го помагале гусарењето против Византија. Поради тоа, Византија превзема акција и во 961. година го освојува истиот и потполно го разрушува, меѓутоа набрзо се воочува стратешката положба на градот и тој е повторно изграден од страна на Византија под името Хандакс и со него Византија владее следните 243 години...со пропаѓањето на Византија 1204. година, градот и островот го освојува Млетачката република, името го менува од Хандакс во „проиталијанското“ Кандија...влијанието на Млетачката Република се гледа на секој чекор во градот...со Кандиската војна (1645-1669) островот потпаѓа под Османска власт и градот почнува полека да пропаѓа, па средиштето на збиднувањата на Крит се преместува полека во вториот по големина град – Ханиа...посета на православната катедрала Св.Мина, православната црка Св.Титус, Археолошкиот музеј, црквата Св.Екатерина Синајска, фонтаната Морозини (17.век), Католичката базилика Св.Марко, Универзитетот...разгледот продолжува кон Кносос, едно од најзначајните архолошки наоѓалишта од брозеното време...се претпоставува дека бил центар на Миноанската цивилизација и култура. Големината, бројот и значајот на откритијата во Кносос докажуваат дека тоа бил дворец на еден од најзначајните и најмоќните владари на Крит. Градбите покриваат површина од 1 хектар...стотина простории се поврзани во една голема целина. Сложеноста на архитектонскиот план на оваа градба, ја доведува во врска со легендарниот ЛАВИРИНТ кој го опишуваат античките автори. За Кносос е врзана и легендата за кралот Миној – син на Зевс и Европа, кралот на Крит, законодавец и судија во подземјето спрема Грчката Митологија...се на се – одлична прилика да се посети едно од најбогатите и најпосетени археолошки наоѓалишта во Европа...враќање во хотел во попладневите часови. Цена по лице : 35 € - без влезница за Кносос/ 60 € со влезница (трансфер+локален водич)

2. ЗАПАДЕН КРИТ (ХАНИА)

Ден за разглед на најатрактивниот дел на островот, неговиот западен дел...Манастирот Аркади – се наоѓа 25 км. Југоисточно од градот Ретимно, на севорозападната падина од планината Ида на надморска висина од 500 метри. Зидовите на манастирот формираат облик сличен на правоаголник и завземаат површина од 5.200 м2. Основан во времето на Флавие Аркади (почеток на 5.век). После завземањето на ретимно – Турците го ограбуваат манастирот...и покрај тоа за време на Турската окупација во истиот живееле околу 100 монаси. Случувањата од 1866. Година, кога во манастирот влегуваат 15000 Турски војници и кога сите бранители на манастирот се ликвидирани...нападот почна на 8.Ноември 1866.година, после одбивањето на игуменот на манастирот Гаврил да го напушти истиот...игуменот е ликвидиран, додека сите други (војници, жени и деца) се повлекуваат во барутаната, додека Турците ги палат бурињата со барут и експлозијата била толку силна што предизвикала уништување на целиот манастир и се разбира смрт на сите Грци. Поради тоа, манастирот уште е наречен „Холокауст Аркади“. Денеска манастирот поседува музеј со единствени реликвии, а исто така е познат по тоа што во манастирот 26 години живеел Св.Атанасие Цариградски. Се упатуваме кон Ханиа, еден од најголемите и најважни градови на Крит...градот се развил на 2 полуостови Акротири и Спата. Градот е многу богат со историја, бидејќи Ханија бил долго време центар на збиднувањата на островот...постои уште од Античко време кога станува и град-држава. Ханиа се споменува и во Одисејата на Хомер. За време на Византија градот станува и седиште на Критската епископија. Градот добива на значење најповеќе за време на владеењето на Млетачката Република, додека за време на Отоманската власт – сите цркви се претвораат во џамии и мнозинството од жителите на градот го напуштаат истиот. Градот станува седиште на пашалукот на Крит и со тоа го задржува своето значење. Конечно, во 1913. Година, Крит и Ханиа стануваат дел од Грчката држава, а градот го губи полека своето значење, во корист на Хераклион...во стариот дел на градот се наоѓаат голем број на стари вредни градби, посета на Градските зидини од сите историски периоди (Византискиот, Млетачкиот, Отоманскиот), Православната Црква на Св,Екатерина, Римокатоличката црка Св.Рок, Светилникот Фарос (15.век), Ец Хаим синагогата, Турското купатило, Археолошкиот музеј, Турската фонтана (18.век)...слободно време за прошетка или за капење на некоја плажа во областа Акротири...враќање во Ретимно во касните попладневни часови. Цена по лице : 40 € (трансфер + локален водич)

3. ЕЛУНДА – СПИНАЛОНГА – АГИОС НИКОЛАОС (ИСТОЧЕН КРИТ)

За оние кои што сакаат да доживеат еден исклучителен ден, комбинација на море, пикник и истражување на напуштен остров, Ви предлагаме факултативен излет до заливот Мерамбелу...патуваме со автобус до Елунда – шармантно рибарско селце, од каде со брод се префрламе на островот Спиналонга – посета на Венецијанската тврдина и напуштениот град, кој во почетокот на 20.век бил колонија на луѓето кои боледувале од лепра...познат е и како „град на духовите“…прошетка низ многубројните градби кои паднале во заборав. Во попладневните часови продолжуваме со автобус кон Агиос Николаос – модерно и современо одмаралиште...прошетка низ неговите тесни улички, посета на т.н. „езеро“, кое всушност е затворен залив во центарот на градот, што му дава посебност и голема атрактивност на самото место. Посебно е привлечно за младите туристи со неговите многубројни кафе-барови, дискотеки и сл...собир на групата околу 19.00 часот и упатување кон Ретимно.

Цена по лице : 50 € (трансфер + водич + влезница за островот Спиналонга)

4. ЕЛАФОНИСИ – плажа

Полудневен излет до една од најпознатите плажи на Средоземјето – Елафониси...Цена по лице : 25 €

НАПОМЕНА : За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници.

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција. Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и СКТМ

Информации за плаќање

Резервирај

Пополнете ја формата за резервација

Аранжмани

Ние користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето искуство на нашиот веб сајт.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ