РИМ-АВИОН-МАРТ-CITY BREAK

Датум на тргнување

20.03.2026 17:12

Датум на враќање

22.03.2026

Цена на аранжман

389 ЕУР

Дестинација

ИТАЛИЈА

Програма

Зошто Рим е толку посебен? „Вечниот град“ изобилува со античка историја, од Колосеумот до пристаништето Остиа Антика, до величествениот Ватикан и Сикстинската капела. Поради неговата историја, уметност, архитектура и убавина - а можеби и поради неверојатно вкусниот сладолед и неодминливата “pasta”...Рим е еден од најпопуларните градови во светот!

Што го прави Рим прекрасен град? Овој град може да се пофали со античка историја долга повеќе од 2500 години, прекрасни градби од минатото, споменици на најголемите италијански уметници на сите времиња и безброј ремек-дела во смисла на уметност, архитектура и култура, како и единствена аура...

Дали Рим е градот на љубовта? Рим – синоним за романса, СЕ е во името. Како што ќе Ви кажат Римјаните, кратко и јасно – ако го превртиш зборот „ROMA“ (италијанскиот збор за Рим), ќе добиеш „AMOR“ – што значи љубов. А љубовта е нешто што одекнува низ целиот град…затоа, СИТЕ ПАТИШТА водат кон т.а.ПАЛАС, која ќе Ви овозможи незаборавно доживување со овој аранжман!!!

1.ДЕН (20.03.2026 – петок) БИТОЛА Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 21:00 часот. Летот за Рим е во 23:00 часот со WIZZ Air...

2.ДЕН (21.03.2026 – сабота) РИМ Пристигнување на аеродромот во Рим во 00:55 часот. Трансфер до хотелот во Рим, сместување. Ноќевање. Појадок околу 10:00 часот. По појадокот - поаѓаме на нашата прва авантура...сите патишта водат кон воодушевувачкиот, неверојатно романтичен, спектакуларен и едноставно неповторлив - град кој едноставно ќе Ве остави без здив...разглед на градот со стручен водич...црквите, базиликите и плоштадите : San Giovanni Laterano, San Clementе (вечното престојувалиште на Св.Кирил), Piazza Venezia, Altare de la Patria - Vittorio Emanuele (олтарот на татковината), Fontana Di Trevi, Spagna (Шпанските скали)…Античкиот Рим : Colosseo, Campidoglio, Fioro Romani. Слободно време за шопинг на Via del Corso, или индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во касните попладневни часови. Враќање во хотел. Ноќевање.

3.ДЕН (22.03.2026 – недела) РИМ - ВАТИКАН Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот (багажот го оставаме во посебна просторија во хотелот). Посета на Ватикан со стручен водич...запознајте ја Папската држава со целиот нејзин сјај, богатство и гламур... Ватиканските музеи, Систинската капела – ремек делото на Микеланџело како и базиликата „Св.Петар“ – своевремено најголемата базилика во Католичкиот духовен свет...прошетката продолжува низ Рим...посета на Castel Sant Angelo (Адриановата палата), Судската палата, преминуваме преку реката Тибер на Ponte dele Angeli (мостот на Ангелите) и пристигнуваме на најубавиот плоштад во Рим – Piazza Navona...слободно време за уживање со едно Италијанско espresso во Caffe Domiziano или ручек во еден од многуте мали ресторани (tratoria)...прошетката продолжува до Пантеонот (Храмот на сите богови) – единствената градба во Рим, зачувана онаква како што е изградена уште во 6.век н.е. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на групата во претходно договореното време и место. Враќање во хотелот. Трансфер до аеродром во 19:00 часот. Летот за Скопје е во 21:30 часот. Пристигање во Скопје во 23:10. КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 24.120,00 ден. (389 €)

ДОПЛАТА за 1/1 соба : 5.580,00 ден. (90 €)

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 50 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

- Авионски билет (со рачен багаж во цената), на релација Скопје – Рим – Скопје;

- Трансфер Рим аеродром – хотел и обратно;

- 2 НП во Рим во хотел со 3* (хтл.PARIS – централно градско подрачје);

- Разглед на РИМ (метро карти+водич+слушалки)

- организација, придружба и реализација на аранжманот;

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

- влезниците при посета на културно-историските споменици (освен таму каде што е наведено);

- Разглед на ВАТИКАН (метро карти+водич+слушалки) - 50 € по лице (резервација и плаќање во агенција)

- патничкото осигурување - 300,00 ден. по лице;

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 18 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и СКТМ

Информации за плаќање

Галерија

Резервирај

Пополнете ја формата за резервација

Аранжмани

Ние користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето искуство на нашиот веб сајт.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ