МАДРИД-АВИОН

Датум на тргнување

13.11.2026 11:26

Датум на враќање

16.11.2026

Цена на аранжман

Од 459 ЕУР

Дестинација

ШПАНИЈА

Програма

4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА / АВИОН

МАДРИД, главниот град на Кралството Шпанија, секако го заслужува вниманието на секој сериозен турист. Сместен во срцето на Пиринејскиот Полуостров, богат со разновидни содржини, музеи, импресивна архитектура, плоштади и облакодери…. знаменитостите како што се Plaza Espagna, Gran Via, Puerta Del Sol (Сончевата порта), Plaza Mayor (Главниот плоштад), Puerta De Toledo (Триумфалната капија), паркот Retiro, плоштадот Sibeles, Salamanka, стадионот Santiago Bernabeu...овие знаменитости и уште многу други - го прават главниот град на Шпанија единствен. Со атрактивните факултативни екскурзии како средновековната престолнина на Шпанија – Толедо, шармантната Сеговиа, како и велелепниот Ескоријал, ќе заокружите едно преубаво патување!

1.ДЕН (13.11.2026 – Петок) СКОПЈЕ – МАДРИД : Состанок на аеродромот во Скопје во 14.00 часот. Летот за Мадрид е во 16.50 часот. Пристигање во Мадрид во 20.40 часот. Трансфер до хотел. Ноќевање.

2.ДЕН (14.11.2026 – Сабота) МАДРИД : Појадок. По појадокот – разглед на градот со стручен водич...Прошетка низ срцето на Мадрид — град каде историјата, уметноста и животот се спојуваат во совршен ритам. Од величествениот Plaza Mayor, низ тесните улици исполнети со духот на стара Шпанија, продолжуваме кон импресивната Almudena Катедралата и раскошната Кралска Палата...покрај Teatro Real (Кралскиот театар) и живописниот Puerta del Sol, ја чувствуваме енергијата на градот што никогаш не мирува. Елеганцијата на Cibeles фонтаната, зеленилото на паркот El Retiro и музејот Prado ја прават оваа тура вистинско доживување за сите сетила. А кај величествената Fuente de Neptuno (Нептуновата фонтана), Мадрид ни остава спомени што долго ќе се паметат. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Враќање во хотел. Вечерта (факултативно) – можност за посета на ресторан со ФЛАМЕНКО програма. Ноќевање.

3.ДЕН (15.11.2026 – Недела) МАДРИД – ТОЛЕДО : Појадок. По појадокот (факултативно) – заминуваме за ТОЛЕДО...Екскурзијата опфаќа посета на средновековниот главен град на Шпанија, исто така познат по тоа што таму живеел и создавал познатиот сликар, скулптор, архитект и библиотекар Ел Греко. Низ историјата бил населен со бројни народи (Римјани, Визиготи, Маври...) и сите оставиле свој белег во развојот на градот. Толедо останал главен град на Шпанија до 1561 година, кога Мадрид ја презел таа улога...Толедо сега е главен град на провинцијата Кастилја-Ла Манча, југо-централна Шпанија. Сместен е на околу 67 км југо-југозападно од Мадрид. Од античко потекло, Толедо го спомнува римскиот историчар Ливиј како “urbs parva, sed loco munita“ („мал град, но утврден според локацијата“). Освоено од римскиот генерал Маркус Фулвиус Нобилиор во 193 п.н.е., тоа стана важна римска колонија и главен град на Карпентија. Градот бил резиденција на Визиготскиот двор во 6.век и место на познатите собори, од кои третиот (589.година) бил особено важен поради преобраќањето на кралот Рекаред во христијанин. За време на мавританскиот период (712–1085), тој бил дом на важна заедница на Мозараб (Христијани кои зборуваат арапски). Преземен од кралот Алфонсо VI во 1085 година, Толедо стана најважниот политички и социјален центар на Кастилја. Тоа беше сцена на спој на христијанската, арапската и еврејската култура, чиј пример беше Школата на преведувачи (Escuela de Traductores) основана од Алфонсо X (Мудриот) во 13 век. Значењето на градот се намалило откако Филип II го направил Мадрид свој главен град (1560). Толедо се смета за најрепрезентативен претставник на шпанската култура, а неговиот историски центар беше прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1986 година. Разгледот започнува со посета на срцето на царскиот град и неговиот историски комплекс...Во нашата маршрута, ќе ги посетиме неговите најсимболични улици и плоштади. Во историскиот центар има такви интересни места како El Alkazar, Plaza de Zocodover, Првата катедрала на Шпанија, џамијата на Cristo De La Luz, Еврејскиот кварт, синагогата Santa Maria la Blanka...Ова се само некои од најпознатите атракции кои Ве очекуваат во Толедо...враќање во Мадрид околу 18.30 часот. Ноќевање.

4.ДЕН (16.11.2026 – Понеделник) МАДРИД – СКОПЈЕ : Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот, слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг...наша препорака е да го посетите Prado музејот, музеј кој крие едно од најзначајните и највредни уметнички богатства во Европа...отворен 1819.година, музејот денес чува илјадници ремек-дела од најголемите Шпански и Европски мајстори. Во неговите величенствени сали можат да се видат дела од Диего Веласкес, Франциско Гоја, Ел Греко, Петер Рубенс и многу други уметници кои оставиле неизбришлива трага во историјата на уметноста...секако, за љубителите на фудбалот – препорачуваме да го посетат „чудото“ од стадион – Сантијаго Бернабеу, домот на најтрофејниот клуб на светот – Реал Мадрид...собир на групата во хотелот околу 18.00 часот. Поаѓање за аеродромот Barajas во 18.30 часот. Летот за Скопје е во 21.25 часот. Пристигнување во Скопје во 00.50 часот – следниот ден. КРАЈ на програмата.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 28.460,00 денари (459 €) – FIRST MINUTE ЦЕНА (за уплати од 50% до 01.08.2026)!

31.560,00 денари (509 €) – редовна цена на аранжманот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

- авиобилет на релација Скопје – Мадрид – Скопје (WIZZ AIR);

- Аеродромски такси

- Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 40х30х20 см.);

- трансфер Мадрид (аеродром) – хотел – Мадрид (аеродром);

- историскиот дел на Мадрид (пешачка тура) со стручен водич;

- 3 НП во хотел со 4* во Мадрид (хотел PRAGA; www.hotelmadridpraga.com ); Сместување во 1/2 или 1/3 соби;

- Туристичката такса;

- ДОПЛАТА за 1/1 соба – 50 € на ден;

- организација, водство и реализација на аранжманот;

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

- Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици;

- патничкото осигурување;

- излет за ТОЛЕДО (8 часа; трансфер+стручен водич+влезница за катедралата+локален водич за катедралата) – 100 € по лице – ОБАВЕЗНА резервација и уплата во агенција

- Факултативна посета на ресторан со ФЛАМЕНКО програма - € по лице

ВАЖНО : Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници и се организирани од локална агенција, странски партнер на т.а.ПАЛАС. Странскиот партнер ја сноси целата одговорност за спроведување на факултативните излети. Пријавување и уплати за факултативните излети – во агенција. Минимум број на патници за реализација на факултативните излети е 15.

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 18 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и СКТМ

Информации за плаќање

Галерија

Резервирај

Пополнете ја формата за резервација

Аранжмани

Ние користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето искуство на нашиот веб сајт.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ