ВРЊАЧКЕ ТЕРМЕ*****

Цена на аранжман

0

Дестинација

СРБИЈА

Програма

- Хотел ВРЊАЧКЕ ТЕРМЕ СПА РЕСОРТ**** - www.vrnjacketerme.rs

Во срцето на Врњачка Бања, во близина на познатата јапонска градина, се наоѓа комплексот на Врњачкото водно кралство - „Врњачке Терме“. Во целиот комплекс има 5 базени и 2 лизгалки. Како создаден за сите љубители на водени активности. Ви стојат на располагање 85 сместувачки единици: 69 супериор соби и 16 луксузни апартмани. Сите сместувачки единици располагаат со телевизор со голем број кабелски канали, сеф, минибар, гардеробер, телефон, биро, интернет, електронско заклучување... Секоја соба и апартман имаат посебна бања каде што имате : влечки, крпи, фен, тоалети, бесплатна козметика, туш. Така, во сместувачките единици на хотелот „Врњачке Терме“ ќе најдете се што му е потребно на еден модерен турист. На барање може да се обезбеди DVD плеер или компјутер.

Сместувањето во хотелот „Врњачке Терме“ е специфично во неговиот ентериер. Доколку се одлучите за супериорна, двокреветна соба, можете да изберете помеѓу два единечни кревети или еден двоен кревет. Секоја соба има тераса со прекрасен поглед на градскиот парк. Делукс апартманите во Врњачке Терме се специјално уредени. Пријавувањето е во 14 часот. Сите гости мора да се одјават до 11 часот на денот на поаѓање.

Термалната вода во комплексот Врњачка Терме извира од лековити термални извори. Оваа вода е богата со минерали и е потопла од обичната вода од чешма, бидејќи се загрева во внатрешноста на Земјата од близината на вулканската магма и лава. Термалните води извираат на големи длабочини и по пат собираат минерали од разни видови карпи, така што водата благотворно делува на кожата и е погодна за лекување на разни болести.


 
Сместув.
01.09. – 28.12.2022
нед-чет
пет-нед
Супериор соба 1/1
 
73
 
77
Де лукс АПТ 1/1
 
90
 
94
Супериор соба 1/2
 
86
 
103 
Де лукс АПТ 1/2
 
120
 
137


- ЦЕНИТЕ се изразени во ЕУР на ден по СОБА. - ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА : Ноќевање со ПОЈАДОК, користење на WELLNES & SPA – центарот (затворен базен, сауна, солена соба, парно купатило, тепидариум). ДДВ е вклучено во цената, додека таксата за ПРЕСТОЈ (1,2 € за возрасни, 0,6 € за деца од 3-10 години) и осигурувањето (0,25 € на ден), по лице на ден, се плаќа на лице место. - ДЕЦА од 0 – 3 години – ГРАТИС; ДЕЦА од 3 – 10 години имаат 50% попуст. - Деца од 10 год нагоре се калкулираат како возрасни лица и спијат на помошно легло и плаќаат 26еур од нед-четв, или 35еур за петок и сабота, можат да се сместат во супериор собите, a доколку користат апартман плаќаат полна цена како возрасно лице. - Трето возрасно лице се спие на помошно легло и плаќа 26еур од нед-четв, или 35еур за петок и сабота, можат да се сместат во супериор собите, доколку користат апартман плаќаат полна цена како возрасно лице.


Информации за плаќање

Галерија

Резервирај

Пополнете ја формата за резервација

Аранжмани

Ние користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето искуство на нашиот веб сајт.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ