БУДИМПЕШТА-ВИЕНА-8.Март-3 ноќи
05.03.2027 09:40
10.03.2027
Од 209 ЕУР
УНГАРИЈА
Програма
1.ДЕН : (05.03.2027 – петок) БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 14.30 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
БУДИМПЕШТА успеа да ја зачува својата историска атмосфера и посебната еклектична слика на градот, а во меѓувреме редовно се отвораат нови места и во него постојано врие живот. Со прошетката низ улиците, пред се - ќе Ве собори од нозе, вековното наследство на градот. Ве очекуваат бројни скриени историски богатства, тајни и интересни заплети од минатото. Унгарскиот главен град станува сè попопуларен меѓу туристите - уште повеќе, Будимпешта стана толку популарна туристичка дестинација што во 2019 година ја освои престижната награда за најдобра европска дестинација, што не е случајно, бидејќи овој град ветува многу прекрасни атракции...
2.ДЕН : (06.03.2027 – сабота) БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови...разглед на градот со стручен водич...Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата која се наоѓа на брдото Гелерт – култно место од каде панорамата е неопислива...од таму се гледа Будимската тврдина, Парламентот, мостовите на Дунав, Пештанска страна, како и брдата на Буда...базиликата Св.Стефан, Lanc Hid (мостот на лавовите – првиот мост со кој бил премостен Дунав), Парламентот – ремек делото на Имре Штајндл во неоготички стил – најголема зграда во државата, Операта (правена по примерот на оваа во Виена), како и Плоштадот на Хероите – еден од симболите на Будимпешта, изграден 1896.година за цереминијата по повод 1000.години Унгарска држава...овде стојат 14 бронзани статуи на Унгарски великани и статуата на Архангелот Габриел, која ја освои Големата награда на светскиот саем во Париз 1900.година...сместување во хотел. Во вечерните часови – заминување на „Ваци“ – единствена амбиентална улица од таков вид во Европа...препорачуваме посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на плоштад Ворошмарти...факултативно крстарење со брод по Дунав, со кое ќе ја комплетирате оваа магична ноќ...Ноќевање.
3.ДЕН : (07.03.2027 – недела) БУДИМПЕШТА – ЕСТЕРГОМ Појадок. Слободно време или посета (факултативно) на градот на Унгарските Кралеви и духовното „срце“ на Унгарија...еден од најстарите и историски најзначајните градови во Унгарија се наоѓа во северниот дел на земјата, на брегот на реката Дунав, во живописниот регион познат како Дунавскиот свиок. Градот е особено важен за Унгарската историја затоа што токму тука се наоѓаат корените на унгарската државност и христијанство. Оддалечен е околу 50–55 километри од Будимпешта и се наоѓа спроти словачкиот град Штурово, со кој е поврзан преку мостот „Марија Валерија“. Унгарскиот кнез Геза го одбира овој град за седиште на својата резиденција. Во 975.година го добива својот прв син Вајк, кој по покрстувањето го добива името Стефан, а во 1001.година Стефан I станува прв крал на Унгарија и станува основоположник на Унгарската христијанска држава. Во средниот век Естергом станува кралски град и седиште на Унгарската Католичка црква. Архиепископот на Естергом имал исклучително значајна улога во крунисувањето на унгарските кралеви. Во 1543.година градот паѓа под Отоманска власт, се до 1683.година кога во битката кај Штурово (градот од другата страна на Дунав) градот бил ослободен од Христијанските сили. Со текот на времето, Естергом прераснува во важен црковен и културен центар...посета на симболот на градот – Базиликата на Успението на Пресвета Богородица (најголема во Унгарија). Изградена во средината на 19.век во неокласичен стил - со својата купола е висока 100 метри – доминира низ целиот град. Посета на стариот замок кој се наоѓа веднаш до базиликата, на ридот над Дунав, „водениот“ град (Vizivaros), стар кварт кој се наоѓа помеѓу Базиликата и Дунав...денес тука можат да се видат стари цркви, историски градби, Архиепископската палата и остатоци од османлискиот период, меѓу кои и старата џамија...слободно време за индивидуален разглед на градот, плоштадот Сечењи (Szechenyi Ter) е опкружен со барокни и класицистички градби, ресторани, кафулиња и слаткарници, можете да почувствувате дел од секојдневниот живот на градот, да испиете кафе и да уживате во традиционалната унгарска архитектура. Враќање за Будимпешта во попладневните часови. Вечерта – посета на „Чарда“ со комплетно мени и програма (факултативно). Ноќевање.
Главниот град на Австрија - ВИЕНА нуди спој на царски традиции, музика и симпатичен шарм. Град кој инспирира со старото и новото и секогаш има пријатно место во кафуле или винска таверна. Историјата на Виена датира од првиот постхристијански век, кога Римјаните го основале воениот камп Виндобона. Денешниот градски пејзаж се карактеризира со изобилство на барокни градби создадени главно под владеењето на царицата Марија Терезија (1740 - 1780) и Франц Џозеф (1848 - 1916), кој во голема мера бил одговорен за монументалната архитектура во центарот на градот.
4.ДЕН : (08.03.2027 – понеделник) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена...панорамски разглед на градот - Панорамски разглед на градот во стручен водич...обиколка на летната резиденција на Хабзбурговците – замокот Шенбрун, палатата Белведере, комплексот Хундертвасер, Рингштрасе, Ратхаус (резиденцијата на градоначалникот на Виена), црквата Вотив, Опера, Универзитетот, Парламентот, споменикот на Марија Терезија – каде завршува панорамскиот разглед, а започнува пешачката тура низ замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), па преку улицата Грабен стигнуваме до велелепната катедрала Свети Стефан, каде и завршува разгледот на овој прекрасен царски град...слободно време за индивидуален разглед на градот или едноставно – уживање во Виенско кафе и парче торта Захер... Враќање во Будимпешта во раните вечерни часови. Ноќевање.
5.ДЕН : (09.03.2027 – вторник – неработен ден во МК) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕЈА - МАКЕДОНИЈА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминуваме за СЕНТ АНДРЕЈА (СЕНТЕНДРЕ), едно мало етно-село, врамено во живописен, прекрасен природен амбиент со кривулестата река (Дунав), блиските ридови и планини. Природниот преглед на историскиот град е величествено и уникатно надополнет со човечки креации... кривулести и тесни улици со калдрма, тесни улички, мали куќички во центарот на градот потпрени една на друга и фино обрабени барокни патеки. Уникатниот медитерански градски пејзаж на Сентендре потекнува од српските, македонските, далматинските и грчките доселеници кои се доселиле на овие простори под водство на патријархот Арсеније Чернојевиќ III во 1690 година, по ослободувањето на Унгарија од Турците...слободно време за уживање во бројните ресторани, снек-барови и слаткарници (местото е исто така познато по изработката на разни креации од марципан). Враќање во Будимпешта, посета на ТЦ АРЕНА, слободно време и можност за шопинг...Планирано поаѓање за Македонија околу 17.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола во пладневните часови – наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 12.960,00 денари (209 €) – FIRST MINUTE Цена (за уплати до 31.01.2027)
15.440,00 денари (249 €) – редовна цена
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски ЛИЦЕНЦИРАН превоз на горенаведената релација; 3 НП во Будимпешта во хотел со 3*; разглед на Будимпешта со стручен водич; посета на Сент Андреа; трансфер на патници без надокнада од Струга, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово; организација, водство и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (350,00 ден. – по лице);
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :
- Крстарење со Брод по Дунав – 25 € по лице;
- Посета на Естергом со стручен водич - 25 € по лице
- посета на „Чарда“ со комплетно мени и програма – 0 € по лице
- посета на Сент Андреја - 15 € по лице;
- задолжителна туристичка такса – 2,5 € по лице на ден.
- Посета и разглед на Виена со стручен водич – 45 € по лице
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ :
- Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот;
- Нема намалување на цената за сопствен превоз;
- ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 соба остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел);
НАПОМЕНА : За реализација на факултативата потребен е минимум од 30 пријавени патници.
НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС и НАТА
Информации за плаќање
Галерија
Резервирај
Аранжмани